April 26, 2024, 10:42 am

АМБАСАДАТА НА САД ЗА ЗАКОНОТ ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ: Реформите се поважни, Брисел да одлучи дали законот е согласно европските стандарди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Собранието да оди напред со својата агенда и да се фокусира на потребните реформи, кои сите партии рекоа дека ги поддржуваат, а кои се важни за напредокот на Македонија кон членство во ЕУ и во НАТО, велат во американската амбасада, откако Радио Слободна Европа побара коментар за донесувањето на законот за јазици.

Тие го повторуваат ставот на помошникот државен секретар Мичел, кој рече дека Македонија прави големи чекори во процесот на градење силна демократија и оти треба да се фокусира на реформите за да ја оствари својата евроатлантска иднина.

„Што се однесува до Законот за употреба на јазиците, заменикот премиерот Бујар Османи, на почетокот на оваа недела, потврди во Брисел дека Владата ќе го испрати Законот пред Венецијанската комисија за мислење и препораки, за да биде сигурна дека законот е во согласност со европските стандарди“, велат во американската амбасада./РСЕ

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This