Амбасадорот на Кина даде поддршка за македонските евроинтеграциите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Владата Оливер Спасовски денеска имаше средба со амбасадорот на Кина во земјава, Џанг Ѕуо, на која е истакната високата солидарност и добрата соработка меѓу двете држави за време на пандемијата предизвикана од ковид-19.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, амбасадорот Џанг пренел поздрав до премиерот Спасовски од неговиот кинески колега Ли Кечијанг, при што двајцата соговорници оцениле дека нашата држава добро се справува со последиците од пандемијата на здравствен и на економски план. Спасовски и се заблагодарил на Кина за помошта во медицински и санитетски материјали и за споделените искуства околу справувањата со вирусот и изразил очекување за натамошна соработка.

Изразена е и заедничка определба и за развој на соработката во рамки на иницијативата 17 + 1, во областите: земјоделство, инфраструктура, енергетика, образованието и културата.

На средбата е истакнато дека Кина е определена кон мултилатеризам и во таа насока го поддржува напредокот на нашата држава во eвро-aтлантските интеграции.

„Оваа Влада, во услови на светска здравствена криза, успешно организираше и спроведе фер и демократски избори, како што доликува на земја членка на НАТО, што е на прагот да почне преговори со ЕУ. Очекувам во рамки на уставните и законски рокови да ја добиеме новата Влада, што ќе продолжи цврсто по патот на евроинтеграциите. Новата Влада има за цел силно да се посвети на економијата, со цел унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани“,

порачал премиерот Спасовски.

„Во таа насока, на состанокот заеднички е констатирано дека постои стабилна основа за натамошен развој на економските односи меѓу Република Македонија и НР Кина“,

стои во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This