АМБАСАДОРСКИ МЕСТА ЗА ПАРТИСКИ ЦЕЛИ?: Владата во заминување не смее да пополнува амбасадорски места со цел да задоволат одредени партиски, коалициони или лични обврски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во своето интервју за Македонското Радио се осврна на состојбите на македонската дипломатија и испразнетите 25 амбасадорски места во клучни амбасади.

– Оставањето на 25 празни амбасадорски места е нeодговорно однесување на власта и на носителот на таа одговорност, Министерството за надворешни работи. Ние слушаме дека има коалициски нeдоразбирања кој да биде амбасадор во Вашингтон, дали треба да го има ДУи, дали треба да го има СДСМ или да биде испратен кариерен дипломат, но тие недоразбирања во коалицијата не смеат да бидат оправдување за оставање на празни амбасадорски места како што се Вашингтон, Брисел-Белгија, Брисел-НАТО, Рим, Копенхаген, Хаг и многу други клучни позиции- рече Милошоски.

Според Милошоски тоа одиграло улога во слабоста на сегашното министерство за надворешни работи да направи соодветна проценка како ќе заврши Самитот во Брисел на ЕУ. Тоа истовремено резултираше недоволните информации, анализи и проценки.

– Сега во овој период на два месеци од детронизирањето на премиерот во заминување, Заев, и на два месеци од формирањето на техничка влада, Заев и Димитров треба да размислат дали по секоја цена ќе туркаат пополнување на амбасадите со цел да задоволат одредени партиски, коалициони или лични обврски кон одредени луѓе-истакна Милошоски.

Тој порача дека ако власта одлучи да испрати свои блиски партиски, политички или фамилијарно лојални луѓе, кои ќе ја преставуваат Македонија во Вашингтон или во седиштето на НАТО во Брисел, тогаш при евентуална смена на власта на следните избори во април 2020 година, идната влада доколку биде избрана од други партии, ќе има полно право тие амбасадори да ги врати назад и да ја отпочне одново процедурата на именување.

-Токму министерот Димитров пред само две и пол години промовираше принцип кога требаше за амбасадор во ЕУ да биде упатен Александар Николоски. Тогаш министерот Димитров кажа дека не може една влада во заминување да носи одлука за едни такви важни позиции на амбасадори и кажа дека тој како министер не може да прифати на една таква важна позиција да биде упатена личност во кој тој лично нема доверба и не чувствува лојалност. Затоа јас јавно ќе апелирам и до МНР и до владата на Република Македонија, дека ако се размислува во ова време да се испраат амбасадори во РИМ, Вашингтон, Хаг, Копенхаген или НАТО, тогаш е најпожелно е власта да се обиде да изгради широк консензус за амбасадорите кои што ќе бидат испратени, за да може да соработуваат со секоја влада и да бидат преставници на сите граѓани- потенцираше Милошоски.

Тој го потсети министерот Димитров на принципот, кој сам го промовираше дека во пресрет на избори и влада во заминување, да не се именуваат амбасадори без широк консензус, што би прeдизвикало политички тeнзии и лош впечаток за државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This