March 29, 2024, 12:11 am

АМБАСДАТА НА САД ПОВТОРНО СЕ ВМЕШУВА ВО СУДСТВОТО: Политичкиот советник од амбасдата на САД ги подучува Македонските судии!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската амбасада во Македонија била коорганизатор на меѓународната судска конференција посветена на независноста на судството, која минатиот петок се одржала во Охрид и на која се подготвувал терен за воведување специјално судско одделение за случаите што ги работи специјалното јавно обвинителство, обелоденува ДНЕВНИК.

sudska-konferencija

-На конференцијата биле повикани и учествувале во работата претседатели на врховни, апелациски, основни судови, како и членови на судски здруженија и правни експерти од Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Kосово, Грузија, Литванија, Полска, Словенија, Хрватска, Чешка и од САД. Амбасадата на САД дала поддршка за организација на собирот, а освен неа, организатори биле уште и Здружението на судиите на РМ и Врховниот суд на РМ како и Институтот за централни и источноевропски иницијативи од Прага – ЦЕЕЛИ, објави весникот.

Претставниците на американската амбасада имале и обраќање пред присутните гости од судската фела, кои имале можност да ги слушнат нивните ставови не само за независноста на судството, туку и за работата на специјално јавно обвинителство. Ставот што го искажал Дејвид Стивенсон, шеф на политичкиот и економскиот оддел во Амбасадата на САД во Скопје, на свој начин одел во прилог на иницијативите за формирање специјален судски оддел, а за што било и зборувано на конференцијата.

– Предметите на СЈО во врска со неовластеното следење на комуникациите и високата корупција и злоупотреби треба да се разгледаат од страна на непристрасно судство, ослободено од политичко влијание. Овој процес е најважен за да покаже дека Македонија има капацитет да се справи со такви обвинувања, рече Дејвид Стивенсон, пренесе ДНЕВНИК.

Тој нагласил дека има многу извештаи, како оној на Рајнхард Прибе, кои говорат за манипулации со системот за распределба на судски предмети, разместувања на судии без причина, промени во постапувањето на судовите при рутинско прифаќање на барањата за притвор – алармантни одлуки кои иако недоследни на постојните законите, се носеа с` додека СЈО не започна со својата работа. Од друга страна, Радмила Драгиќевиќ, судија во Врховниот суд на Србија била изненадена од информацијата дека македонското СЈО има мандат од година и пол (инаку, мандатот на СЈО е пет години, а 18-те месеци се за поведување обвиненија).

Целиот текст прочитајте го на ДНЕВНИК

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This