АМДИ: Сопругата Перјан ќе биде одлична прва дама

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателскиот кандидат и лидер на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам, за „Фокус” открива како реагирало неговото семејство за одлуката да се вклучи во трката за шеф на државата.

-Перјан на почетокот не беше баш многу расположена затоа што влегувам во претседателската трка, но потоа омекна и ми ја даде поддршката. Нејзината грижа можам да ја разберам. Имав здравствени проблеми во минатото, и токму поради моето здравје таа реагираше на тој начин. Тоа е нормална реакција на секоја сопруга која се грижи за својот животен сопатник. Но, сега сум добро, здравјето ми е во ред и имам сила да ја истуркам работата како што треба, до крај. Останатите членови на семејството уште веднаш ми кажаа дека ова е добар чекор и ме поддржуваат во сите мои одлуки, вели тој за Фокус.

– -Секој почеток е тежок. Знам дека кога Перјан би станала прва дама, на почеток ќе и треба време, прилагодување, но таа ќе се покаже во вистинското светло. Мојата сопруга цел живот е домаќинка, посветена е на семејството. Во душата е голем хуманист. Убеден сум дека со тек на време би можела да се истакне во организирање и иницирање на разни хуманитарни акции, како што тоа го прави и госпоѓата Маја Иванова. Ќе се однесува како што и треба да се однесува една прва дама, ќе ги следи сите настани, ќе даде свој придонес на повеќе полиња. Но, на крај, што и да се случи, на моето семејство и мене, најважно ни е тоа што јас ќе оставам еден траг и ќе биде запишано во историјата дека сум бил кандидат за претседател, изјави Амди.

Амди Бајрам целиот денешен ден беше во фокусот на јавноста поради тоа што во вечерашното гостување на телевизија 24 извади шише Кока-кола со неговиот лик.

-Јас сум многу јак, имам поддршка од Македонците, од Албанците. Јас да ги убедувам?Самиот народ ќе си се потпишува за мојата кандидатура. Бренд си е бренд, нема што тука, рече Бајрам и извади шише со неговиот лик.

Тој појасни дека вакви шишиња веќе се штампаат, само немало да бидат Кока-кола, туку Амди-кола.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This