Американец најде заборавена видеоигра на таван и заработи 90.000 долари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Чистејќи го своето поткровје, еден Американец нашол заборавена, неотпакувана видеоигра од 1988 година, и благодарение на неа, заработил 90.000 долари.

Скот Амос од градот Рено, Невада, САД, се пофалил со тоа на интернет, а првично мислел дека видеоиграта чини само неколку стотици долари. Меѓутоа, по извесно време, се јавил некој што подобро го познава сето тоа, со коментар – „Си пронашол богатство“.

Видеоиграта била заборавен божиќен подарок од пред 31 година, неотворен и со заборавена сметка на него. Токму тоа ја докажува автентичноста на играта, а имајќи предвид дека се работи за „НЕС кид икарус“ – ретка игра од минатиот век, што денес ја поседуваат едвај десетина колекционери во светот, нејзината вредност е петоцифрена.

Компанијата „Вата гејмс“ ја оценила очуваната состојба на играта со 8/10, што е доста висока оценка.

Видеоиграта е јапонски производ од 1986., што за само една година станала светски хит и што доживеа неколку продолженија. Приказната се темели на старогрчката митологија.

Примерокот викендов беше продаден на аукција за 90.000 долари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This