April 18, 2024, 10:51 pm

АМЕРИКАНЕЦ ПРЕКУ ФЕЈСБУК ПРЕГОВАРА СО ПОЛИЦИЈАТА ЗА ПРЕДАВАЊЕ: „Смирете се, сам ќе се предадам“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата на градот Ричланд во сојузната американска држава Вашингтон минатата среда објавила фотографија од осуденикот Антони Акерс, барајќи информација за него. Она што верпјатно не го очекувале е тој самиот да реагира на постот, но Акерс за кратко искоментирал на објавата.

Смирете се, сам ќе се предадам, напишал тој во коментарот кој има над илјада реакции.

Откако Антони им ветил дека ќе се предаде за 48 часа, тоа не се случило, па полицијата повторно објавила уште еден пост на ФБ, на кој осуденикот одговорил.

Се извинувам што не си го одржав зборот. Ќе бидам во станицата најдоцна со утре попладне. Доколку не дојдам сам, ветувам дека ќе ве повикам да ме земете, напишал Антони меѓу другото.

Потоа и самиот Акерс објавил фотографија од него во полициската станица како потврда дека се предал.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This