Американската амбасада и Стејт Департментот предупредуваат на терористички напад во регионов, повикуваат да се избегнуваат трговски центри

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косовските институции ги предупредија своите вработени да избегнуваат гужви и големи трговски центри, а од амбасадата на САД во Приштина уште на 22.ноември пристигнало соопштение од Стејт Департментот дека „терористички групи планираат можни напади во регионот на Балканот, вклучително и Косово“, пренесува Репортери.

Интересно е што ова предупредување се случило неколку дена пред вооружениот напад во Глоѓани, кога во петокот вечерта се убиенни тројца патници во локалниот автобус.

На веб страницата travel.state.gov се споменуваат уште неколку локации на кои треба да се внимава.

„Терористички групи продолжуваат да планираат можни напади во регионот на Балканот, вклучително и Косово. Терористите можат да нападат без предупредување, а можнни мети се туристички локации, сообраќајни чворови, пазари/шопинг центри, структури на локална самоуправа, хотели, клубови, ресторани, храмови, паркови, големи спортски и културни настани, образовни институции, аеродроми и други јавни области“, наведуваат од американската мабасада во Приштина.

На внимателност на своите вработени повика и мисијата на ОБСЕ на Косово која препорачува да не се посетуваат големи трговски центри. Некои меѓународни организации ги советуваат своите вработени да не посетуваат трговски центри, бидејќи како што велат „екстремистички волк самотник би можел да испланира напад на еден од трговските центри во регионнот. Локалнната полиција го следи осомничениот“, се наведува во еден од мејловите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This