АМЕРИКАНСКАТА АРМИЈА И ОФИЦИЈАЛНО: Русија е победник во Сирија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со импресивна ефикасност, флексибилност и координација на воените и политичките дејства Русија успеа да постинге победа во Сирија, оценува професионалниот часопис на Вооружените сили на САД „Милитари ривју“, кој го објавува Заедничкиот центар на Армијата на САД

Во материјалот наведено е дека Русија успеа да го „скрши монополот на женевскиот процес“, мировни преговори за Сирија под закрила на ОН и „дипломатски лидерство на САД“.

За решвањето на Сирискиот судир засега ништо помалку важни не се преговорите во Астана. Покрај тоа, Русија успеа да воспостави продуктивни врски со речиси сите клучни играчи во регионот – почнувајќи од Саудиска Арабија, заклучно со Иран.

Најпосле, власта ја зачува претседателот на Сирија Башар ал Асад, чии позиции по почетокот на руската кампања толку се подобрени што тој може да ги диктира условите за своето учество во женевските преговори.

„Тоа е очигледна победа за Русија која своите успеси ги претвори во долгорочни договори за базата Хмејмим и пунктови за материјално-техничко опремување на базата во Тартус, а ги зацврстии позициите на руските фирми кои во иднина можат да играат важна улога и корисна улога во реконструкцијата на Сирија“, пишуваат авторот на текстот, аналитичар од Цетнарот за воено-морнарички анализи Мајкл Кофман и директорот на Институтот „Кенан“ од Вашингтон Метју Рожански.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This