АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА КРАХИРА: По русите и Турција драстично го намали влогот во Американските државни хартии од вредност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Анкара го намали својот влог во американските државни обврзници од 32,6 милијарди американски долари во мај на 28,8 милијарди американски долари во јуни. Турција постепено ги намали инвестициите во американските државни обврзници од минатиот ноември. Тие тогаш изнесуваа 61,2 милијарди долари. Русија ја напушти оваа листа во мај, кога ги намали инвестициите во надворешниот долг на САД – од 48,7 милијарди на 14,9 милијарди долари.

Лидерот на листата на крајот на јуни останува Кина: нејзините инвестиции се проценети на 1179 илјади милијарди долари, што е за 0,4 проценти помалку во однос на мај. Јапонија е на второто место – инвестициите се намалени за 1,75 проценти, а се проценети на 1,03 трилиони долари. Трета по големина, сопственик на државниот долг на САД е Бразил, со 300,1 милијарда долари (0,3 отсто раст до мај).

Односите помеѓу Вашингтон и Анкара се влошија по апсењето на евангелскиот пастор Ендру Бренсон во Турција. Во врска со ова, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции за двајца министри на турскиот кабинет и предупреди за дополнителни мерки, доколку случајот не биде решен наскоро.

Како резултат на кризата меѓу двете земји, турската лира историски се намали во последниве месеци во однос на еврото и доларот. Од почетокот на годината падна за 40% во однос на овие две светски валути. Ако на почетокот на годината се дадени околу 3,75 лири за доларот, минатата ноќ вредноста се искачи на 7 лири. Кризата ескалираше во петокот, кога американскиот претседател Доналд Трамп нареди двојно да се зголемат царинските давачки за алуминиум и челик од Турција – до 20% односно на 50%.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This