Американскиот носач на авиони „Хари Труман“ со ударната група бродови започна со воздушни операции оваа недела од источниот Медитеран против мети на ИСИС во Сирија, соопшти американската морнарица во соопштение
„Авиони од воздухопловниот винг (ЦВУ), 1-ва ударна група започна со удари во Сирија против групи на ИСИС, демонстрирајќи ја способноста на морнаричката група за поддршка на два напади на две различни локации одеднаш“, стои во соопштението.
Ударната групна на носачот „Хари Труман“ е дел од 6-та флота на морнарицата на САД, која заедно со 5-та флота од стационирана во Персискиот залив партиципира во операции против терористички групации во Сирија и Ирак.