March 28, 2024, 10:13 pm

АМЕРИКАНСКАТА МОРНАРИЦА МАКСИМАЛНО ЈА КОРИСТИ ЦРНА ГОРА: Брод на Американската морнарица вплови во пристаништето Бар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во црногорското пристаниште Бар вплови брод на  американската морнарица кој поддржува различни мисии, како што се нуманитарна помош и помош во природни катастрофи, логистика подршка и помош во вонредни операции. Бродот може да прими 600 тони и има писта за полетување.

Амбасадата на САД во Подгорица соопшти дека ,,Карсон сити” е водечки експедитивен и брз транспортен брод и во моментов е ангажиран во рамките на воената команда за транспорт на трупи и опрема, пренесуваат ,,ВИЈЕСТИ“.

,,Карсон сити” е сестрано не борбено пловило дизајнирано за операции во плитки пристаништа и пловни патишта.

Бродот подржува голем број на различни мисии, вклучувајќи и пружање на хуманитарна помош и помош во природни катастрофи, логистичка поддршка, како и помош при вонредни ситуации.

Како што е соопштено ,,Карсон сити” пружа поддршка во транспорт на трупи, воени возила и опрема. Бродот може да прими 600 тони и да плови со брзина од 1200 наутички миљи со просечна брзина од 35 чворови, пренесува Тањуг.

На бродот се наоѓа и писта за полетување, која може да поддржи операции за придвижување и поправка на воздухоплови во дневни и ноќни услови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This