April 26, 2024, 11:00 pm

Американска аналитика: Русите попрво ќе си ја уништат земјата, одошто да му ја дадат на окупатор

Поврзано

- Advertisement -
Како што забележува американскиот воен Интернет-портал We are the Mighty, Русија е држава која не може да се освои поради својата сурова клима, огромната територија, бројната армија, но и поради посебната состојба на колективната свест што ги карактеризира Русите.
- Advertisement -

„Русите попрво во целост ќе ја уништат својата земја, одошто да ја предадат во рацете на окупаторот“, се наведува во текстот на американскиот Интернет-портал. Според тврдењата на овој информативен сајт, секој напаѓач кој евентуално би ја нападнал оваа земја би морал да смета на бескрајни судири со руските единици во сите единаесет временски зони.

Покрај Русија, во групата држави што не можат да се освојат се и САД, НР Кина, Република Индија и Авганистан.

  • Кога станува збор за САД оваа земја не може да биде освоена поради нејзината моќна армија, големата територија и бројот на жителите каде практично сите се вооружени.
  • Кина е невозможно да биде освоена пред сѐ поради својата огромна популација, големата површина, климата која со себе носи многу зарази, но и развиеноста на нејзината технологија која веднаш се копира од Запад. Секако, сите овие фактори овозможуваат оваа земја да поседува и моќна армија.
  • Индија се карактеризира со климатски и со географски специфичности кои, според авторот на оваа публикација, би биле нерешлива задача за потенцијалниот завојувач.
  • Авганистан, пак, има мошне сложен и негостопримлив терен на кој се наоѓаат комуникациски неповрзани населени места со мошне сурово и отпорно население кое веќе со децении, ако не и со векови, е во еден вид перманентна воена состојба.

Реагирајќи на овој текст, воениот политиколог Игор Коротченко за Интернет-порталот „Взгљад“ изјави дека „Русија е нуклеарна суперсила и дека според овој критериум е невозможно воено да биде победена“. Тој текстот што се појави на американскиот Интернет-портал We are the Mighty го нарече сосема лаички и од професионална гледна точка смешен. Според Коротченко реална процена на одбранбените способности на некоја држава можат да дадат само професионализирани групи квалифицирани воени аналитичари кои се тесно поврзани со сите можни безбедносни ресурси на државата за која работат.

„Во случај на војна секоја страна која во своето вооружување има нуклеарно оружје сигурно ќе го употреби доколку до таа мета биде загрозена што ѝ се заканува нејзино исчезнување. Војната против вакви држави е бесмислена зашто нуклеарниот паритет гарантира уништување на практично двете страни во тој судир“, истакнува експертот.

Извор:
РашаБијонд

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This