March 28, 2024, 10:45 am

Американскиот амбасадор го критикуваше Норд Стрим-2 поради “проблематичното влијание на Русија”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако Германија и Финска веќе издадоа дозволи за изградба на гасоводот, отпорот на САД кон проектот се зголемува.

Американскиот амбасадор во Германија, Ричард Гренел, го критикуваше проектот Норд Стрим-2 во интервју за Функе Медиагруп.

“Ние сме многу загрижени поради проектот за гасоводот”, рече новиот американски амбасадор во Германија, Ричард Гренел.

“Се работи за руско влијание”, рече тој, додавајќи дека тој проект изгледа “многу проблематичен”.

Според него, гасоводот е извор на загриженост за САД и помеѓу европските земји.

Гасоводот “Норд стрим 2” е предвиден да испорачува 55 милијарди кубни метри руски природен гас годишно во ЕУ низ Балтичко Море во Германија, заобиколувајќи ја Украина.
Градежните дозволи веќе се издадени од Германија и Финска.

Некои земји од ЕУ, вклучувајќи ги Украина, Полска и балтичките земји, постојано зборуваа против “Норд стрим 2”, тврдејќи дека проектот ќе ја зголеми зависноста на Европа од увезениот руски гас.

На проектот, исто така, се спротивставија САД, која има за цел да извезува свој течен природен гас (ЛНГ) во Европа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This