Американски генерал обвинyвa дека Русија и Кина ги нaпaѓaaт американските сателити

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заменик-шефот на американските вселенски сили за вселенски операции, Дејвид Томпсон, изјави дека Русија и Кина наводно напаѓаат секојдневно, со помош на ласери, пречки на радиофреквенцијата, а извршуваат и сајбер напади, пренесува „Вашингтон пост“.

Според авторот на написот, генералот порано одбивал да каже дали Русија или Кина извршиле напади врз американскиот воен сателит. Томпсон рече дека доколку се случи таков напад, информациите ќе бидат доверливи, пренесе Спутник.

„Кинезите се всушност многу пред Русија. Тие воведуваат оперативни системи со неверојатна брзина“, изјави американскиот воен претставник, нагласувајќи дека и Русија и Кина прават сателити кои можат да нападнат други сателити.

Тој тврди дека во 2019 година Русија наводно инсталирала мал сателит толку блиску до американскиот национален безбедносен сателит што Белата куќа не знаела дали да нападне или не. После тоа, рускиот сателит се оддалечил и наводно го тестирал оружјето на мала цел кон која потоа лансирал проектил.

„Сосема е очигледно дека Русите ни испратија сигнал со тоа“, рече Томпсон.

Тој, исто така, додаде дека Кина во моментов гради модел на глобални системи за сателитска навигација, додека неколку стотици кинески сателити за извидување, набљудување и идентификација на цели се распоредени во вселената за набљудување на кој било дел од Земјата.

„Ние, се разбира, сè уште сме најдобри во светот кога станува збор за потенцијалот. Но, тие брзо нè стигнуваат. А ако не се приспособиме, до крајот на оваа деценија ќе имаме причини за загриженост“, заклучил американскиот генерал, пренесува Спутник.

Руското Министерство за одбрана претходно објави дека Русија успешно извршила тестови на 15 ноември, при што бил погоден неисправен руски авион „Целина Д“. После тоа, шефот на Пентагон, Лојд Остин, ја повика Русија да се однесува одговорно, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се загрижени за милитаризација на вселената.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека фрагментите од стариот сателит, кои се формирани за време на тестирањето на антисателитскиот систем, не претставуваат никаква закана за вселенските активности.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This