АМЕРИКАНСКИОТ ПЛАН ЗА МАКЕДОНИЈА: Да се држи Русија далеку, Србија мирна, а да се поттикнува големоалбанска идеологија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија е земја во која одлучноста на Вашингтон да остане доминантна сила на Балканот почнува да излегува на површина, додека стравот од „Голема Албанија“ расте, смета Маркус Пападопулос, уредник на весникот Politics First кој се бави со работата на британскиот парламент
makedonsko_albansko_zname

Пападопулост наведува дека САД имала значајна улога во распадот на СФРЈ, како и дека распадот на Југославија беше преседан поставен за идната американска интервенција во Авганистан, Ирак, Либија и Сирија.

Додава дека Хрватска, Босна и „Косово“ биле платформи за концепт на хуманитарни интервенции на Запдот, за кој се наведува дека само претставувале повод за зачувување и унапредување на американската глобална хегемонија. Според негово мислење, САД и денес има јасно изразени интереси на Балканот.

Колонизација на Балканот
„За Вашингтон, помагањето да се разбија Југославија не само што помогна да се направат државички партнери на Америка, туку и во најдобар случај да се држи Русија надвор од Балканот или во најлош да се ограничи нејзиното влијание во регионот (традиционално Русија има блиски врски во регионот базирани на славизмот и православната вера).

Американското присуство на Балканот ќе овозможи на креаторите на американската политика да го прошират своето влијание и надвор од регионот, како во случајот со базата Бондстил на Косово – пишува Пападопулост и потсетува дека Бондстил е една од најголемите прекуокеански бази кои можат да примат 7.000 војници.

Авторот наведува дека Америка го охрабруваше и призна едностраното прогласување на независност на Косово, како и поттикнуваше и надгледуваше, како што вели „нефер“ референдум за независност во Црна Гора во 2006 година, за да ја ослабне Србија и да осигура дека нема да се спротивстави на диктатот на Вашингтон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This