АМЕРИКАНСКИОТ ПОМОШНИК ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР ПОВТОРНО ВО МАКЕДОНИЈА: Вес Митчел повторно доаѓа во Македонија, овој пат ќе води референдумска кампања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Помошникот американски државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел на 13 септември ќе допатува во Македонија на средби со македонскиот премиер Зоран Заев и со други официјални претставници за поддршка на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција и претстојниот референдум на 30 септември, соопшти Стејт департментот.

Мичел во Скопје ќе има средби и со претставници на парламентарните партии и на бизнис заедницата со кои ќе размени мислења и ќе ја нагласи американска поддршка за приклучувањето на Македонија во Западното семејство, се наведува во соопштението.

Претходно Вес Мичел ќе престојува во Грузија каде што ќе учествува на Меѓународна конференција во Тбилиси и ќе има средби со претставници на властите и на граѓанското општество.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This