АМЕРИКАНСКИТЕ МЕДИУМИ ЗДРУЖЕНИ ПРОТИВ ТРАМП: Го оцениле видеото за расистичко и не го објавуваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американски медиумски мрежи објавија видео од кампањата на претседателот Доналд Трамп, кое е оценето како расистичко, по што голем број медиуми најавија дека нема да го објавуваат или ќе го повлечат од натамошно емитување.

Во видеото, од 30 секунди, е прикажан илегален мигрант од Мексико, кој двапати е депортиран од САД, а оваа година во Калифорнија е осуден на смрт за убиство на двајца полицајци во Сакраменто во 2014 година. Во спотот е користена снимка од судницата во која тој се фали со тоа убиство, како и дека сакал да убие повеќе полицајци.Спотот, со кој претседателот Трамп ги повикува граѓаните да гласаат за републиканските кандидати на денешните избори за Конгресот, се појави во неделата во емисијата „Сандеј најт фудбал“ и вчера за време на емисијата „Морнинг Џо“.
Видеото е критикувано од многумина како расистичко, вклучувајќи и членови на Републиканската партија на Трамп.
Си-Ен-Ен одби да го емитува видеото, со образложение дека Трамп со таа снимка сака да сугерира дека демократите пуштаат такви луѓе да влезат во земјата.Ен-Би-Си најави дека повеќе нема да го прикажува, а телевизијата Фокс њус, која Трамп често ја посочува како омилена телевизиска куќа, исто така, одби да го емитува видеото, нарекувајќи го „бесчувствително“.
Фејсбук одлучи да не дозволи повеќе платена реклама на видеото, иако корисниците ќе можат да го споделат на своите профили.Американски медиуми нема да објавуваат видео од кампањата на Трамп, оценувајќи го како расистичко.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This