Американските разузнавачи под лупа: Рaспит на шефовите на paзузнавачките служби на САД пред сенатскиот Комитет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на разузнавачката служба при Министерството за одбрана на САД, генерал полковник Скот Бериер, на распитот синоќа во Конгресот изјави дека руските вооружени сили претставуваат „егзистенцијална закана” за САД. Директорот на националнато разузнавање, Аврил Хејнс, пак, укажа дека Кина се приближува до водството на САД.

Распитот се одржа синоќа пред сенатскиот Комитет за армиска служба и беше отворен за јавоста околу еден час, а потоа продолжи зад затворени врати.

Хејнс укажаа дека Кина станува „сѐ поголем сопреник”, а Бериер посочи дека руските вооружени сили сами по себе претставуваат „егзистенцијална закана за САД”.

– Русија конкурира со глобалното водство на САД и ги принудува противниците кои смета дека се предизвик за нејзините животно важни национални интереси, изјави Берјер.

Според него, воените сили на Русија се користат за ширење на своето влијание во соседните држави.

– Москва продолжува да инвестира во своите стратегиски нуклерани сили, во нови начини на засилување на стратегиското задржување, а со тоа ги става под закана САД, изјави тој.

Според него, Русите потврдиле дека модернизирале 82 отсто од својата „нуклеарна тријада” и развива нови атомски системи насочени на пробивање на системот на противракетна одбрана.

Нуклерна тријада е термин кој означува усовршена воеана структура составана од копнени лансери на нуклеарни проектили, нуклеарни балистички ракети инсталирани на подморници и стратегиска авијација со атомски бомби.

Според Бериер, нуклеарната тријада на Русија дава можност да „причини штети кои најверојатно би биле неприфатливи за Западот”.

– Русија развива нови подморници со балистички ракети, ги зајакнува своите тешки бомбардери со прецизни крилести ракети и ги модернизира своите меѓуконтинентални балистички ракети. Нова тешка меѓуконтинентална балистичка ракета, трансокеанско беспилотно торпедо и меѓуконтинентална крилеста ракета, сите со нуклерно оружје, можат да бидат распоредени до крајот на оваа деценија, посочи тој.

Берјер подвлече дека моќта на руските вооружени сили е втемелена на инвестиции во атомско оружје и негов развој, но исто така и на „обично вооружување, во значајна мерка планирано за одбранбени и регионални активности. Тој укажа дека рускиот воен врв го зема предвид искуството стекнато од операциите во Сирија кога врши подготовки за воени маневри.

Тој потврди дека во време кога САД го почитуваат мораториумот на нуклерани тестирања, соодветно на стандардот за нулта опција, Русија тоа не го прави. Неговите заклучоци се од извештајот на разузнавачката служба објавен во 2018 година,

САД и Русија се наоѓаат во критично затегнати односи.

На почетокот на месецов Вашингтон воведе санкции против Москва поради вмешаност во претседатеските избори во 2020 година и кибернападите со „СоларВиндс”, продолжената окупација на Крим каде „сериозно се нарушуваат човековите права”, но и за потпомагање на агресијата во источниот дел на Украина.На распитот беа дискутрани и кибернападите, заканите од Северна Кореја и Иран, како и зголемената закана од климатските промени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This