April 19, 2024, 12:53 am

АМЕРИКАНСКИ БРОД ВПЛОВИ ВО ЦРНОТО МОРЕ: Будно го следи руската Црноморска флота

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека американскиот брод „УСС Доналд Кук“ опремен со наведувачки ракети, впловил во Црно Море, а неговото движење го следи руската Црноморска флота, согласно Конвенцијата од Монтро не може да остане подолго од 21 ден.

Со Конвенцијата регулирани се преминувањето и пловидбата низ теснеците Босфор и Дарданели. А мериканскиот разорувач не може да се задржи подолго од три седмици бидејќи бродот не припаѓа на земја која излегува на Црно Море.

Центарот за контрола на националната одбрана наведе дека американскиот брод ќе биде следен со електронски и технички средства.

Американската флота претходно соопшти дека „УСС Доналд Кук“, кој е опремен со наведувачки ракети поминува низ Дарданелите на пат кон Црноп Море за да „изврши операции за поморска безбедност и да ја зголеми регионалната поморска стабилност, комбинираната подготвеност и поморските капацитети на нашите НАТО сојузници и партнерите во регионот“.

На почетокот на месецот низ Дарданелите кон Црно Море помина бродот за истоварување „УСС Форт Мекхенри“.

Конвенцијата од Монтро е потпишана во 1936 година, во швајцарскиот град, а потписници покрај Турција, Велика Британија, Франција беа и поранешниот Советски Сојуз, како и поранешното Кралство Југославија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This