Американски вoeни трупи се распоредуваат низ Албанија: Илјадници вojници распоредени во неколку вoeни бази

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

НАТО започна заеднички воени вежби во Албанија со учество на илјадници војници од САД и други земји како дел од првата ваква вежба на Западен Балкан по Втората светска војна, изјави американски воен претставник.

Како што изјави полковник Џозеф Скрока, „Албанија е вреден партнер за безбедност на НАТО од 2009 година – и регионално и глобално“, објави АП.

Заеднички логистички операции во рамките на вежбата DIFENDER-Europe 21 ќе се одржат во пристаништето Драч. Од 26 април, американските трупи се распоредени во уште пет воени бази во Албанија и ќе останат таму до 10 јуни.
„Оваа историска мисија ја демонстрира нашата способност да бидеме стратешки безбедносен партнер во Западен Балкан и регионот на Црното Море“, рече Скрока.

Вежбата ДИФЕНДЕР-Европа е годишна мултинационална вежба предводена од Соединетите држави, таа е од дефанзивен карактер и е насочена кон спречување на агресијата.
Околу 28.000 војници од Соединетите држави и сојузничките и партнерските сили од 26 земји ќе спроведат скоро истовремени операции во повеќе од десет земји, од Балтикот и Африка до црноморскиот регион и Балканот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This