April 26, 2024, 11:47 pm

АМЕРИКАНСКИ ГЕНЕРАЛ ЗА СПАСУВАЊЕТО НА ТЕРОРИСТИТЕ: Генералот Тејта потврди дека НАТО ја спасуваше ОНА во Арачиново!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот генерал Ентони Тејта со своето сведоштво за извлекувањето на припадниците на ОНА од опколеното Арачиново во 2001 година само потврди дека тие ги спасувале да не бидат заробени од македонските безбедносни сили. Односно, се покажува дека ова упориште на ОНА сигурно ќе беше освоено ако политичките фактори дозволеа да продолжи нападот. Се покажува дека македонските сили можеле да го освојат селото за неколку дена. Истовремено, генералот Тејта потврдува дека ОНА добивала помош во борци, оружје, муниција и друга воена опрема од Kосово, односно, дека од таму е вршена агресија врз наша земја. Во тврдењето дека евакуацијата на околу 400 герилци на ОНА била направена и поради стравувањето дека ќе почнат со герилски напади врз цивили во Скопје нема логика, бидејќи тоа ќе беше контрапродуктивно за нив.

aracinovo_uck_avtobusi

Немаше да издржат уште долго

Вака вчера реагираа некои од припадниците на македонските безбедносни сили што учествуваа во клучната битка за село Арачиново на наводите што изминативе два дена во интервјуто за „Дневник“ ги кажа генерал Тејта, кој раководеше со операцијата на извлекувањето на припадниците на ОНА со автобусите на НАТО. Битката се водеше во периодот од 21 до 25 јуни 2001 година, кога беше прекината со интервенција на највисоките раководители на НАТО кај македонскиот државен врв. По тоа повлекување, настанатата криза се решаваше со политички средства.

Мирослав Стојановски, поранешен началник на Генералштабот на АРМ, ни рече дека сведоштвото на американскиот генерал потврдува оти ОНА добивала помош од Kосово.

– Се потврдува дека тие ги попречувале да влегуваат во Македонија од косовска страна. Прашање е колку успеале во тоа. Од друга страна, не се согласувам со неговиот став дека нашите сили не можеле да ја пробијат линијата на одбраната во Арачиново. Беа потребни само уште неколку дена и тоа упориште сигурно ќе паднеше во наши раце. Тие немаше да издржат уште многу време.Наместо тоа, се донесе политичка одлука со која се пристапи кон евакуацијата на припадниците на ОНА. Зошто било направено тоа, секој може да си извлече сопствена заклучок – наведува Стојановски.aracinovo_2001_vojna

И Стојанче Ангелов, кој беше ранет во битката за Арачиново, потенцира дека фактот што Тејта наведува оти собрале одвај еден камион со муниција од ОНА, покажува дека македонските сили ќе го освоеја селото.

– Со такви резерви, во услови кога не можеа да добиваат дотур бидејќи беа опколени, тие ќе се предадеа. Сега признаваат дека во селото имало околу 400 борци, на кои ќе им снемало муниција. Со толку луѓе против нас тешко се освојува село какво што е Арачиново со толку многу цврсти објекти. Такво упориште не може да се освои само за два-три дена, туку за повеќе. Освен ова, ние не користевме тешка артилерија и не уривавме куќи и други објекти во кои тие се криеја. Прво моравме да ги избркаме од рововите околу селото, кои ги направиле претходно, а акцијата се прекина кога почнавме да ги освојуваме првите куќи во селото. Тие ќе беа сигурно поразени да не беше прекина акцијата – потенцира Ангелов.

Блеф со герилски акции

Тој смета дека ОНА немаше да се реши да врши герилски акции врз цивили и други објекти во Скопје.

– Прво, затоа што со таков тероризам ќе ја загубеа поддршката од меѓународните фактори, а, второ, за такво нешто треба одважност. Друго е да се борат против нас на фронтот, а друго да влезат во град и да ризикуваат да бидат фатени – проценува Стојаче Ангелов и додава дека евакуацијата потврдила оти нашето политичко раководство не беше решително.

Според Благоја Марковски, кој во конфликтот беше армиски портпарол, во наводите на американскиот генерал има нелогичности.
aracinovo_2001
– Тој сака да ја афирмира улогата на САД и НАТО во смисла да не беа тие, ќе ни се случеше граѓанската војна. Не е цела вистина дека тие го попречувале влезот на герилците од Kосово. Тие ги попречувале тогаш кога тие герилци претставувале опасност за нивните интереси. Поважна била нивната безбедност отколку нашата. Најголема контрадикторност е кога тврди дека нашите сили не можеле да го освојат Арачиново за потоа да признае дека тие веќе немале муниција и храна – нагласува Марковски.

Според него, тоа што НАТО сметаше дека Арачиново треба да се освои за два дена не беше можно, но за неколку дена сигурно ќе паднеше.

– Со тоа ОНА ќе дојдеше во ситуација или да преговара или да се предаде. Ние, а не НАТО ги прекинавме линиите на снабдување на ОНА во селото. А тврдењето за заканата со терористички акции мислам дека не држи. За НАТО беше најважно да ги извлече од Арачиново, бидејќи се плашеа ОНА потоа да не се сврти против нивните сили, кои беа лоцирани во Петровец – смета Марковски.

 

Текстот е објавен во весникот Дневник на 04.02.2014

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This