АМЕРИКАНСКИ ДИПЛОМАТ ЌЕ ПРАВЕЛ ГОЛЕМА АЛБАНИЈА: Вилијам Вокер со предлог за обединување на сите албанци во една држава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот дипломат Вилијам Вокер обелодени дека има план на кој подолго работел и кој треба да ги обедини сите Албанци, во Косово, Албанија и во дијаспората. Според него, со ова дефинитивно треба да се стави крај на албанското прашање во регионот, пренесуваат српските медиуми

golema-albanija___sred-640x502

– Целта на овој проект на кој работам е за сите Албанци, во Косово, дијаспората, во Албанија. Работам на заеднички проект на нивно обединување. Албанците во светот беа обединети исклучиво поради ослободувањето на Косово. Бев со нив кога прогласуваа независност. Сега е време после независноста за последниот чекор, сите да бидеме заедно и ова достигнување да се оствари, рече Вокер во Косово.

racak4

Тој е еден од најконтроверзните дипломати и голем поддржувач на Албанците. Одигра решавачка улога за бомбардирањето на Србија во 1999 година од страна на НАТО. Вокер треба да добие и споменик во косовското село Рачак, како знак на благодарност на албанскиот народ за она што го сторил. Вокер одигра клучна улога во врска со разјаснувањето на случајот и наоѓањето на 45. тела на убиените Албанци во непосредна близина на Рачак, пишува порталот.
vilijam-voker-640x376

Вокер тогаш како шеф на верификационата мисија на ОБСЕ, по спроведената истрага, соопшти дека се работи за масакр врз недолжните цивили за што веднаш беа обвинети српските безбедносни сили. Набргу потоа се случи и воената интервенција на НАТО-силите против Србија, по што таа беше принудена да се повлече од Косово и со што се отвори пат кон создавање независна косовска држава.

На Србија не ѝ помогнаа тврдењата и сознанијата од истрагата дека не се работи за убиените цивили, туку за загинати припадници на ОНА, кои се убиени во борби, а потоа преоблечени во цивилна облека за да се исценира наводен масакр.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This