April 24, 2024, 11:02 pm

„Америkaнckи институт се comнева во Филипче – ги лажиpa бројките на починати од kopoна?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Македонија на 100 илјади жители од корона се починати 482 лица. Оваа бројка ја објавува американскиот институт Хелт дата (Health data) и ја рангира Македонија на шесто место по смртност на 100 илјади жители во светот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-И не само тоа, американскиот институт анализира дека бројката на починати е два пати поголема од објавената или од официјалната бројка за која информираат надлежните во земјата. Значи, Филипче не само што не направи ништо во битката со короната, туку и го крие бројот на починати од корона! Секојдневно има по повеќе од десеттина починати и покрај тоа што бројките на новозаболени се намалуваат, истакнуваат од партијата.

И според Ворлдометар (Worldometers) Македонија на светската листа по број на починати на милион жители е четврта.

-Сомнежите за работата на Филипче, сомнежот за лажирање на бројка на починати од корона е од американски институт. Филипче кој мисли само на провизии, но не и за здравјето на граѓаните, сега и лаже за бројката на починати. Затоа Филипче ќе одговара, пораќуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This