АМЕРИКАНСКИ МЕДИУМСКИ ДЕСАНТ ВО МАКЕДОНИЈА: УСАИД ќе финансира медиуми со седум милиони долари во пет земји од Балканот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската агенција за меѓународен развој, УСАИД, денес во Сараево ја претстави заедничката Програма за помош на медиумите на Балканот, чиј фокус ќе биде развој на онлајн медиумите во Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Србија и Косово

Програмата ќе тра три години, а вредна е седум милиони долари.

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во БиХ Морин Кормак со претставувањето на програмата во Сараево порача дека слободните медиуми се темел на демократијата, а во целиот регион, како што наведува, медиумите се под „притисок на разни извори“.

Поради тоа програмата е замислена како регионална, а насочена на поддршка на независните медиуми, вели Кормак и прецизира дека помошта е насочена кон „истражувачкото новинарство“ и медиумите.

„Сакаме да му помогнеме на истражувачкото новинарство, бидејќи нивната улога во општеството е посебна, бидејќи известуваат за она што корумпираните граѓани го прават“, вели таа.

Нагласува дека целта со помош на медиумите кои ја користат новата технологија, да влезат во партнерство за рекламирање и огласување и да работат на развој на содржината која ја емитуваат.

Претседателот на Управниот одбор на Совето за медиуми во БиХ и директор на магазинот „Старт БиХ“ Дарко Новалиќ изрази задоволство што УСАИД во два месеци стартуваше со две програми, една за БиХ, а друга регионална.

Станува збор за тригодишна Програма во која УСАИД ќе делува во пет земји од Балканот.

Програмата вреди седум милиони долари.

Програмата, како што се наведува, ќе овозможи на медиумите кои ќе добијат грант во БиХ, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија да станат конкурентни на локалниот и регионален пазар, односно да ја зајакнат одржливоста на независниот медиуми сектор ширум регионот.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This