АМЕРИКАНСКИ ОТПЕЧАТОЦИ ПРОНАЈДЕНИ ВО ЈЕМЕН: Њујорк тајмс ги обвинува САД за учество во мacakрот во Јемен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Соединетите Американски Држави (САД) имале пристап до досиејата за евидентирање на воздушните напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија во Јемен, а Саудијците често ја игнорирале листата за ненапаѓање, обезбедена од страна на Вашингтон, објави „Њујорк тајмс“ (The New York Times), пренесува Anadolu Agency (AA).

Поранешен висок официјален претставник на Стејт департментот истакнува дека САД имале пристап до евиденцијата за секој воздушен напад во Јемен уште од првите денови на војната, вклучувајќи ја и евиденцијата за користените воени авиони и муниција, објави весникот во статијата, насловена „Продажбата на оружје за Саудијците остави американски отпечатоци врз масакрот во Јемен“.

Во статијата се истакнува дека „американските отпечатоци се наоѓаат на воздушната воена кампања во Јемен“, каде што во нападите се убиени над 4.600 цивили.

Конфликтот во Јемен започна уште во 2014 година, кога бунтовниците Хуси зазедоа поголем дел од земјата, вклучувајќи го и главниот град Сана, принудувајќи ја Владата да остане во крајбрежниот град Аден.

Во 2015 година, Саудиска Арабија и неколку нејзини арапски сојузници започнаа голема воздушна кампања во Јемен, со цел да ги повратат заземените делови од Јемен од страна на Хусите.

„Во исто време, американските напори за давање совети на Саудијците за тоа како да ги заштитат цивилите, честопати доаѓаа до ќорсокак. Саудијците не ја прифатија иницијативата на САД за да се истражат одредени воздушни напади и често ја игнорираа долгата листа на подрачја за ненапаѓање“, се вели во статијата.

Во неа се додава дека Том Малиновски, поранешен помошник-државен секретар, истакнува дека на Саудијците им биле давани точно одредени координати на точки кои не треба да се напаѓаат, но тие продолжиле со напади врз тие точки.

„На крајот, заклучивме дека тие едноставно не сакаат да слушаат“, додава Малиновски.

„И покрај тоа, војската на САД ја продолжи поддршката за воздушните напади“, пишува весникот.

– Најголеми жртви во месец ноември –

Нагласувајќи дека американската поддршка во конфликтот во Јемен се најде под остар надзор по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во саудискиот Конзулат во Истанбул на почетокот од октомври, во статијата на „Њујорк тајмс“ се истакнува дека тој настан „ставил крај на американското точење гориво воздух-воздух за коалициските воени авиони во ноември, но ја продолжи поддршката на војната“.

„Овој месец Сенатот гласаше за ставање крај на севкупната американска воена помош за војната, остар прекор за администрацијата на Трамп, но Нацрт-законот се изгуби кога Белата куќа одби да го разгледа“, пишува весникот.

Во статијата се додава и дека бројката на загинати се зголемувала, а ноември бил месец со најмногу судири во Јемен од јануари 2016 година, кога Проектот за лоцирање на вооружени конфликти и Проектот за евидентирање настани започна да ги бележи жртвите во земјата.

„Во ноември имало 3.058 жртви, меѓу кои и 80 цивили загинати во воздушните напади“, истакнува весникот.

Статијата, исто така, го цитира и Даниел Л. Бајман, професор на Универзитетот „Џорџтаун“, кој вели: „Оваа војна е стратешка катастрофа за Саудијците.“

Нагласувајќи дека воздушните напади не можеле да ги поразат Хусите, тој вели: „САД треба да ја искористат својата моќ за да помогнат во воспоставување на мирот и стабилноста во Јемен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This