April 18, 2024, 11:31 pm

АМЕРИКАНСКИ СЕНАТОР: Русија е надмоќна во сајбер просторот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Без оглед на големите расходи за воена употреба, во планот за освојување на сајбер просторот САД многу заостанува зад Русија со нејзиниот скромен буџет за одбрана. Загриженоста во врска со тоа во програма на Си-Ен-Ен изразил членот на Специјалниот комитет за разузнавачки работи на Сенатот Марк Ворнер


„Неодамна одобривме буџет на Министерството за одбрана од 700 милијарди долари, но мене ме интересира дали ние навистина купуваме (опрема и вооружување) од 20.век. Буетот на одбраната на Русија изнесува 68 милијарди долари, а изгледаат посолидно во областа на дезинформации и сајбер просторот“, смета Ворнер.

„Американската влада сеуште се обидува да разбере како функционира технологијата од 2016. година“, продолжува Ворнер, мислејќи на наводниот обид Русија да се меша во претседателските избори во САД. Меѓутоа, противниците на Вашингтон можат да го искористат тој застој и да направат нови методи за вршење на влијание, меѓу останатото, и на наредните претседателски избори во 2020. година, предупреди сенаторот.

„Навистина не сме спремни на тоа“, додава Ворнер.

Тој предвидува повторување на скандалозната ситуација со предавањето на лични податоци на десеици милиони корисници на компании како британската „Кембриџ Аналитика“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This