April 25, 2024, 11:44 am

АМЕРИКАНСКО-КИНЕСКИТЕ ОДНОСИ ПОДОБРИ ОД БИЛО КОГА: Прашањата за трговија и економија можат да бидат пречка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американско-кинеските односи се подобри од кога било, но прашањата за трговијата и трговскиот дефицит меѓу двете држави може да бидат пречка, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

„Не мислам дека некогаш сме имале подобри односи со Кина, отколку сега. Единствено што може да го спречи тоа е трговијата. Таа е многу еднострана. Луѓето кои биле тука толку многу години, на оваа позиција каде што сум јас сега, не смееле да дозволат да се случи тоа. Тоа е многу неправедно кон САД и кон работната сила на САД“, изјави Трамп.

Според американскиот претседател, ситуацијата со трговскиот дефицит меѓу САД и Кина со годините само ќе се влошува, но сегашната Влада има намера „да го поправи тоа“.

„Тоа може да е единственото нешто што може да застане на патот на долготрајните и прекрасни односи, затоа шти ги имаме сите предуслови за пријателство“ рече Трамп.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This