АМЕРИКАНЦИТЕ ГИ ГУБАТ ПУШКИТЕ: По пукањето на Флорида еден од најголемите препродавачи на огнено оружје во Америка запре со продажбата на јуришни пушки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По масовното убиство на Флорида во кое загинаа 17 студенти, еден од најголемите препродавачи на огнено оружје во Америка, Dick’s Sporting Goods најави сопирање на продажбата јуришни пушки

Имено Dick’s Sporting Goods е најголемиот препродавач на огнено оружје во Америка со преку шестотини продавници ја поддржи ,,разумната реформа’’ за продажбата на огнено оружје.

Потегот следуваше по емоционалното враќање на студентите и учениците во средното училиште Марџори Стоунмен Даглас на Флорида.

Како последица на крвавиот настан на 14 февруари, притисокот е огромен врз американските политичар да дејствуваат и да воспостават поголема контрола во продажбата на оружје. Од политичарите и корпорациите да ги прекинат и односите со моќната лоби група на т.н. воено индустриски комплекс НРА.

Фирми како Hertz, United Airlines и Delta airlines ги сопреа бенефициите за членовите на НРА.

Голем број на студенти од училиштето во јавноста побараа да бидат слушнати нивните гласови и да се воспостави поголема контрола при продажбата на огнено оружје. Во изјава официјални претставници на компанијата Dick’s Sporting Goods велат ,, Го слушнавме вашиот глас’’ мислејќи на студентите кои го преживеаа нападот.

“Имаме голема почит и восхит за организацијата на студентите и ги слушаме нивните гласови за насилството со оружје во училиштата и насекаде во нашата земја”, се вели во изјавата на компанијата. “Нацијата ве слушна” велат од компанијата.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This