АМЕРИКАНЦИТЕ ГИ ОСТАВИЈА СРБИТЕ СО ,,ПОТКУСЕНИ РАКАВИ“: ,,Исчезна“ оригиналниот Дејтонски мировен договор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека Србија го нема оригиналниот документ од Дејтонскиот мировен договор и дека полицијата истражува кој е виновен за неговото исчезнување.

 

Во тек е истрага да се утврди што се случило со оригиналниот документ во Србија, кој е виновен за неговото исченување и дали зад сево ова стои небрежност или можеби се работи за намерен чин, пишува српски „Телеграф“.

Весникот се повикува на полициски извор кој рекол дека се работи за документ од државно значење и дека е многу важно сѐ да се разјасни што е можно побрзо.

Дачиќ пред два дена кажа дека Србија го нема оригиналниот Дејтонски договор и дека после 5 октомври, 2000 година исчезнал и документот на кој Ричард Холбрук потпишал дека Американците никогаш нема да ја признаат независноста на Косово.

„Сите се прават наудрени кога ги прашувам, но незамисливо е Србија да нема зачувано примерок од Дејтонскиот договор. Сите соработници на Милошевиќ тврдат, а неговата секретарка се колне дека Милошевиќ ѝ се јавил и потоа ѝ го дал документот на кој Холбрук, тогашниот главен преговарач меѓу Западот и Србија, му потпишал на Милошевиќ (за време на преговорите во 1998 и 1999 година) дека Америка никогаш нема да ја признае независноста на Косово“, изјави Дачиќ за „Телеграф“.

Според него, тој документ го нема бидејќи сѐ е опљачкано.

„Го нема ни тој документ, а бре тие сѐ опљачкаа. Кога го апсеа Слобо ништо не остана“, тврди Дачиќ.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This