ЧАДОРОТ СЕГА ФАТИ ПРЕКУ АЛБАНИЈА: Рама повторно ги собра Ахмети, Kасами, Села и Тачи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанската влада подготвила советодавен документ за сите партии на Албанците од Македонија што освоиле пратенички мандати, каде што го изнесува своето мислење за ставот на албанскиот фактор во Македонија, известува албанската телевизија „Визион плус“, повикувајќи се на неименувани извори.

edi-rama-albanci-od-makedonija

Според телевизијата, албанскиот премиер Еди Рама денеска повторно ќе има средби со лидерите и претставници на ДУИ, Беса, Алијанса за Албанците и ДПА, на кои ќе им го врачи документот.

И покрај обидите, не добивме ниту потврда ниту демант од партиите на Албанците за веродостојноста на веста и за најавените средби со Рама.

– Најголемиот интерес на официјална Тирана е што поцелосна застапеност на албанскиот блок во новата влада на Македонија, со цел да се изврши позитивен притисок за заштита на интересите на македонските Албанци – јавува албанската телевизија.

Доколку информацијата на „Визион плус“ е точна, ова ќе биде втора средба на албанскиот премиер со лидерите на ДУИ, Беса, Алијансата и на ДПА по изборите.

Пред половина месец Али Ахмети, Билал Kасами, Зијадин Села и Мендух Тачи беа на одделни средби со Рама во Тирана, на кои се разговарало за можното обединување на партиите на Албанците пред преговорите за формирање на новата влада со македонскиот партнер.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This