АМЕРИКАНЦИТЕ РАЗОЧАРАНИ ОД ЗАЕВ: Воведувањето на прогресивен данок нема да го постигне посакуваниот ефект, ќе ја намали продуктивноста и вработливоста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата донесе одлука да воведе прогресивен данок и оваа мерка планира да ја имплементира од 1 јануари 2019 година. Имено, Владата воведува данок на примања над 90 илјади а исто така реформата предвидува и данок од 15 отсто на капиталните добивки наместо актуелните 10 отсто, додека новопредложениот данок на камати од депозити засега се одложува од 2020 година.

После најавата на Владата за воведување на прогресивниот данок голем дел од експертската јавност, бизнис секторот и стопанските комори беа против ваквата реформа поради негативните ефекти кои ќе ги предизвика и на онака слабата македонска економија но Владата остана глува на нивните сугестии.

Американската стопанска комора која е претставник на ставовите и мислењата на повеќе од 125 најголеми и најиноватнивни компании во Македонија излезе со коментари и негативни оценки за прогресивното оданочување. Така според нив преложените мерки нема да го постигнат посакуваниот ефект на подобрување на социјалната еднаквост но исто така ќе ја намалат продуктивноста, вработливоста и  развојот на висококвалификувани кадри.

Понатаму, тие сметаат дека предложените мерки додатно ќе ја намалат даночната послушност со што ќе се зголемува сивата економија. Всушност во своето објаснување велат дека ќе се зголемува даночното затајување бидејќи населението ќе нема доверба во институциите на системот и ќе има низок степен на задоволство кај обврзниците за начинот на кој прибираните средства се користат со што  зголемувањето на даноците дополнително ќе допринесе за изнаоѓање на нови креативни начини за даночна евазија.

Дополнително сметаат дека ваквите мерки само ќе имаат негативен ефект врз растот на македонската економија и тоа поради одлив на капитал и намалени инвестиции, одлив на мозоци и дестимулација на иновативните „смарт“ индустрии кои генерираат најголеми приходи и се двигатели на економијата.

Како и голем дел од стопанските комори АмЧам смета дека моментално не е погодно време за воведување на прогресивен данок  на личниот доход особено во формата во кој што Владата го предвидува. Инаку, Владата пред да дојде на власт ветуваше дека ќе има дебата по сите битни реформи кои ќе ги спроведува а кои имаат директен ефект и врз граѓаните, економијата и бизнисот но изгледа власта реши да биде глува и да ги игнорира сите експертски совети дадени од стручните институции и организации во земјава. Со прогресивниот данок ќе бидат опфатени само 1 % од вкупното население а предвидено е да се соберат околу 25 милиони евра во буџетот што според експертите не е ни приближно голема сума за борба против сиромаштијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This