АМЕРИКА БАРА НАЧИН ДА ОПРАВДА ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД ВОЕНА АКЦИЈА: Кандидатот за државен секретар на САД вели дека за воена акција мора внатрешно и меѓународно одобрение

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за државен секретар на САД Мајк Помпео, говорејќи за можен напад на американската војска во Сирија, изјави дека војната бара внатрешно и меѓународно одобрение


За време на сослушувањето на Конгресот еден од сенаторите го праша, говорејќи за ситуацијата во Сирија, дали тој се согласува дека за војна е потребно внатрешно и меѓународно одобрение. „Да“, одговори Помпео.

Притоа на прашањето дали е потребно Конгресот да одобри „хирушки“ ограничени напади во Сирија, Помпео рекол да, според негово мислење, тоа нема да биде потребно. „Многу администрации превземаа вакви акции во рамки на овластувањето на претседателот“, рече Помпео.

Американскиот претседател Доналд Трамп не исклучи воен напад на Сирија на основа за обвинение за употреба на хемиско оружје од страна на властите во земјата. Сириските власти ова го порекнуваат.

Коментирајќи го односот на САД и Русија, Помпео го увери Конгресот дека американската администрација ќе продолжи да ја „ограничува“ Русија.

„Ако бидам потврден на местото државен секретар, можам да ве уверам дека оваа администрација ќе продолжи да превзема реални чекори за да пружи отпор и да го обнови ограничувњето на Русија“, рекол тој, обраќајќи се на меѓународниот одбор на американскиот Сенат.

Кандидатурата на Помпео требад да биде одобрено од Одборот на меѓународните односи, што може да трае повеќе денови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This