АМЕРИКА БАРА ОД ГРЦИЈА ДА ГО ПРИЗНАЕ КОСОВО: Грчката влада ќе треба да бира – признавање на Косово или договор за името Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Атина би можела да го признае Косово, ако тоа го побара Вашингтон, од неколку причини. Меѓу нив е најголема економската причина, поради притисокот кој доаѓа о ЕУ и Германија. Друга сериозна причина е безбедносна, поради аспирациите на Албанците, но и Турците кон грчката територија


Позади преговорите за името помеѓу Грција и Македонија се најде и прашањето за признавање на Косово од официјална Атина. Ова за Спутник го изјавил Душан Јањиќ од Форумот за етички односи, со напомена дека понудата од ВАшингтон и НАТО во рамки на новата политика на Доналд Трамп, во која предност се дава на воено-дипломатските решенија.

Јасно е, додава соговорникот за Спутник дека Америка го засилува тој воен комплекс во економска и политичка смисла, па и како средство за притисок.

„Значи, еден од приоритетите на Трампе зајакнување на Америка на Блканот и истиснување на Русија и сигурно дека НАТО ќе влезе во таа улога. Сегашните влади на Македонија и Грција сакаат да го решат проблемот кој го имаат, бидејќи не можете да бидете член на НАТО ако имате проблем со некоја од членките. Тоа што силна опозиција, ништо нема да промени, како ни самите демонстрации на десницата во Грција“, уверен е Јањиќ, со напомена, дека тие случувања можат само да ја зголемат цената која Грција ќе ја бара од Америка за оваа, како што вели „услуга“.

На прашањето зошто Грција би го признала Косово баш сега, Јањиќ како одговор наведува неколку причини: економската помош која би ја добила од САД и доста важнит безбедносен аспект.

„Грција е толку многу економски притисната од ЕУ и Германија, што таа не може да диши. Атина сега бара простор во кој за себе, помеѓу останатото, би можела да ја олесни економската ситуација. Грците во сите политички процеси досега завршуваа со доста прагматично пресметана цена. Немапричина тоа да не биде така и овој пат. Другата работа е самата безбедност на Грција. Ако не се затвори прашањето с Македонија, се отвара пат за албански претензии, а тие се на Епир, односо делот Чемерија (област населена со Албанци). Грците поради тоа ќе сакаат да го затворат ова прашање. Третата работа е Турција, бидејќи грчкиот национализам прави непријател од таа земја. Грците гледаат дека позициите на Турција се нишаат во НАТО, а на нив соработката со Американците им е драгоцена поради одбраната на статусот на замрзнат конфликт на Кипар. Сето ова Грците мораат да го решат со засилена соработка со Американците, бидејќи Турците и Грците се во НАТО алијансата“, напоменува Јањиќ.

Соговорникот смета дека не смее да се заборави дека о Грција постојано или привремено работат околу 700.000 Албанци, а дека околу 150.000 од нив се на постојана реалција Македонија-Косово-Албанија-Грција. Тоа, според неговите зборови, е силна дијаспора, поточно лоби, а јавноста во Грција во последните десет години ги прифати како факт. Јањиќ вели дека признавањето на Косово од страна на Грција за Амерка би била огромна услуга.

Соговорникот верува дека речиси е сигурно дека во иднина Република Македонија ќе се нарекува „ГорнаМакедонија“, која на англиски би се изговарал како еден збор (UpperMacedonia).

Од друга страна, Саша Боројевиќ, надворешно-политички коментатор, смета дека, ако Грчката Влада имала план да се согласи на споменатото име за Македонија и да го признае Косово, тогаш на протестот од 140.000 грци во Атина сигурно би се обрнало внимание и на тоа.

На прашањето како Косово се најде во оваа игра и што би се случило ако Грција ја признае државноста, одговара вака:

„Американското влијание на Косово е неоспорно силно и обидите на Приштина покрај ЕУ да го вовлече и САД во процесот на Бриселскиот договор доаѓа до свој епилог. Еве и како. Грција е одличен модел на православна земја која за цело време покажува соработка со Русија. За САД е важно да излезат од тој колосек и да го признаат Косово поради пари, поточно за ветувања, дека ќе им биде одбиен долг кон ЕУ“, вели соговорникот за Спутник.

Боројевиќ потсетува на документот на агенцијата ЦИА, во кој парично е изведена вредноста на Косово во однос на Србија. Во тој документ, како што се наведува, пишува дека Косово со сите рудни богатства чини околу 500 милијарди долари, додека остатокот на Србија со Војводна, околу 200 милијарди.

Во случај Грција, како најголема православна држава во овој регион, под притисок или со одлука на нејзините власти, сепак да го признае Косово, Боројевиќ смета дека тоа би знечло разбивање на големиот православен блок. Освен тоа, напоменува дека грчкото признавање на Косово би можела да го загрози и нивното работање со Кинезите, со обзир дека оваа држава ги купи пристаништата во Грција, а и ја финансира пругата кон Србија преку Макдеонија.

 

Бранкица Ристиќ
Спутник

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This