Америка го зголемува својот вoeн контингент во Полска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Соединетите држави и Полска ги завршија преговорите во кои беше решено да се испратат дополнителни илјадници американски воjници во Полска, рече шефот на Пентагон, Марк Еспер и додаде дека одлуката на Соединетите држави ќе овозможи „ефикасно ограничување на Русија“.

„Соединетите држави и Полска ги завршија преговорите за проширен договор за одбранa. Договорот ќе овозможи зголемено трајно присуство на приближно илјада воjници“, се наведува во писмената изјава на Еспер.

Според него, склучувањето на тој договор ќе ги зголеми можностите на разузнавачката служба, во областа на надзорот, како и поддршка за инфраструктурата на контингентот што е веќе распореден во Полска .

Русија ќе одговори на трансферот на американската армија во Полска со распоредување ракетни системи.

Во изјавата, американскиот министер за одбрана посочува дека договорот ќе овозможи „зајакнување на воздржаноста на Русија и истовремено зајакнување на НАТО“.

„Договорот со Полска ќе овозможи да се зајакне воздржаноста на Русија. Исто така, ќе го зајакне НАТО и ќе ги растера грижите на нашите сојузници. „Нашето зголемено присуство на источното крило на НАТО ќе обезбеди поголема флексибилност и на стратешко ниво и во спроведувањето на индивидуалните операции“, истакна Еспер.

Тој потсети дека веќе има 4500 американски вojници во Полска на ротирачка основа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This