АМЕРИКА ЗАБОРАВИ НА СВОИТЕ СОЈУЗНИЦИ: На Македонците им ја наметна промената на името спротивно на нивната волја!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден од најголемите пријатели на Македонија ,,преку барата’’, Џејсон Мико ја коментира оставката на Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис кој во објаснувањето за неговата оставка наведе дека е разочаран од односот на САД кон своите традиционални сојузници.

Имено Мико истакна дека САД не само што заборавиле на своите сојузници како што се Курдите во Сирија, туку во случајот на Македонија Американците покажале класично непочитување. Според него Американците во Македонија работеле на наметнување на нешто што Македонците не го сакаат или како што вели промена на нивната душа – нивното име , идентитет, устав, достоинство, јазик, историја, наследство, култура и многу повеќе.

-Верувам дека генералот Матис е чесен Американеџ и вистински херој. Во писмото со оставката, тој декларира, делумно, дека САД мора да ги одржуваме “силните сојузи” и да покажуваат “почит кон тие сојузници”. Се согласувам. Меѓутоа, ние, Соединетите Американски Држави, не само што не покажавме почит кон народот на Македонија, туку го направивме токму спротивното – работевме да им наметнеме на Македонците нешто што не го сакаат – промена на нивната душа – нивното име , идентитет, устав, достоинство, јазик, историја, наследство, култура и многу повеќе. Ова не е само погрешно, тоа е неверојатно опасно затоа што Македонците кои ја сакаа и ја почитуваа САД, сега гледаат на нас како осомничен во најдобар случај, како криминалци во најлош случај. Овој наш став исто така го менува начинот како тие и другите гледаат на демократијата и на нејзините институции – почитувањето и верувањето во овие идеали и идеи сега страдаат и ќе продолжат да страдаат. Внимавајте!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This