АМЕРИКА ИМ ПОМАГА НА ТЕРОРИСТИТЕ ВО СИРИЈА: Сергеј Лавров со остри пораки до шефот на американската дипломатија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров, направил неколку значајни телефонски разговори со претставници на Западот во врска со најновите случувања во Сирија

lavrov

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров вечерва, во телефонски разговор со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, го предупредил дека тврдењата дека сириската војска на 4.април во Идлиб употребила хемиско оружје не се вистинит, соопшти Министерството за надворешни работи на Русиај.

Лавров нагласил дека нападот на САД врз сириската воздухопловна база ноќта на 7. април им оди во прилог на екстремистите, се наведува во соопштението.

„Владата која тврди дека се бори против тероризмот им подава рака за спас на екстремистите, предизвикува додатни закани за регионалната и глобалната безбедност“, пишува во соопштението објавено на официјалната страница на Министерството за надворешни работи на Русија на ФБ.

Според неговите зборови, неопходно е внимателно и непристрасно да се утврдат фактите по инцидентот со хемиското оружје во Идлиб.

Двајцата дипломати се договориле да ги продолжат разговорите за решавање на сириската криза во првата прилика кога ќе се сретнат. Телефонскиот разговор помеѓу Лавров и Тилерсон е инициран од американска страна.

Посетата на Тилерсон во Мосвка е планирана за 11 и 12 април.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This