April 20, 2024, 12:53 am

АМЕРИКА СО ЗАКАНИ ДО РУСИЈА: САД треба да ја поткрепат својата политика кон Русија со „воена сила без преседан“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската дипломатија кон Русија треба да биде поткрепена со „воена сила без преседан“, изјави помошник генералниот секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел


„Нашата политика кн Русија произлегува од сфаќањето дека таа ќе биде ефикасна ако е поткована со воена сила без преседан и во потполност интегрирана со сојузниците и сите наши инструменти на моќ“, рекол Мичел на седницата на Комитетот на Сенатот на САД за надворешни работи.

„И покрај претпоставките полни со надеж на претходните администрации, Русија и Кина се сериозни конкуренти на САД кои ги зголемуваат материјалните и идеолошки ресурси за да го оспорат првенството и лидерството на САД во 21.век. Главен интерес на САД во областа на националната безбедност останува спречувањето на доминацијата на непријателски расположените сили на евроазиското копно“, смета Мичел.

Претходно, анкетата на „Галуп“ покажа дека 58% од Американците се залагаат за подобрување на односите помеѓу Русија и САД, додека 36% се залагаат за економски и политички чекори против Русија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This