АМЕРИКА СТОИ ЗАД ПPOTECTИТЕ ВО СРБИЈА: Еден од лидерите на опозицијата на советување со ,,специјалец” од амбасадата на САД во Белград!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ексклузивни фотографии и видео снимки несомнено докажуваат дека амбасадата на САД и нивните агенти за специјални операции стојат позади пpoтестите во Белград кои започнаа во декември минатата година под паролата „Стоп за кpвaвите кошули“ и „1 од 5 милиони“.

Од почетокот постоеше оправдан сомнеж за вмешаноста на странскиот фактор во пpoтecтите на опозицијата, но сега овие сомнежи се и експлицитно потврдени. Нема сомнеж дека американската амбасада во Белград ги координира пpoтecтите и им дава инструкции на организаторите.

Порталот „Србија зборува“ обелодени фотографии и видео снимки од состаноците во хотелот Хилтон помеѓу организаторите на пpoтecтите и претставници од американската амбасада кои координираат и изведуваат специјални тајни операции.

Во фоајето на белградскиот хотел Хилтон, организаторката на пpoтестите, Јелена Анасоновиќ, прима инструкции од третиот секретар на амбасадата на САД, Кетрин Вирџинија Валзак.

Во ресторанот на истиот хотел, Сергеј Трифуновиќ, новоизбраниот претседател на Движењето на слободни граѓани, на средба со Давид Лингерн Геренбек, советник во американската амбасада и Нејтан Албахари, припадника на ИСАК фондацијата која во Србија ги застапува интересите на евроатланскиот центар.

Средбата со опозициониот лидер и американскиот специјален агент ја координираше Денис Ибишбеговиќ, припадник на иницијативата „Не го даваме Белград“, т.н. „Жолти патки“, кој е вработен во американската амбасада како советник на Кајл Скот  за опозиционите партии и невладините организации.

Очигледно е дека пpoтестите во Белград ги контролира и дирекно ги насочува амбасадата на САД и дека опозиционите лидери ги наведуваат граѓаните да се борат за нивните интереси додека делуваат по прецизни упатства од нивните инструктори и спонзори, кои пак сакаат да ја дecтaбилизираат земјата со мешање во внатрешната политика.

Секако, Сергеј, кому политичката кариера му започна со изживување над жени, ќе рече дека не се забранети комуникации помеѓу организаторите на протестите, политичките партии и американската амбасада, но секако мора да објасни зошто тие средби се одржуваат во хотели и барови, а не во просториите на американската амбасада или седиштата на партиите.

Изгледа дека е побиено и најмалото сомнение дали се работи за спонтани народни пpoтecт или пак е режија на американските структури и дека опозиционите лидери се спремни да ги продадат интересите на државата и народот за трошка власт и неколку долари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This