April 26, 2024, 10:31 pm

АМЕРИКА, ХОЛАНДИЈА И НОРВЕШКА ДА ВИДАТ КАДЕ ДАВАЛЕ ПАРИ ЗА ЛГБТ: Мухамед Зекири линчуван од ЛГБТ заедницата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најгласните претставници на ЛГБТ заедницата во Македонија денес излегоа со жестоки реакции по повод вчерашните фундаменталистички ставови на потпретседателот на СДС Мухамед Зекири, кој со цитати од светата книга Куран фрлаше клетви врз хомосексуалците, откако во Собранието на Р.Македонија најстариот пратеник од ДУИ даде предлог за легализација на истополови бракови

 

Прв реагираше Љуми Бекири, кој беше еден од најгласните поддржувачи на т.н. „шарена револуција“ и соборец на Мухамед Зекири, но и чест гостин во амбасадата на САД, каде што ги застапуваше правата на ЛГБТ заедницата во Македонија.

Освен Љуми, реагираше и Софија Теодор, која на својот ФБ профил побара од САД, Холандија и Норвешка да гледаат на кого ги делат парите во Македонија, кога станува збор за грантовите на амбасадите за ЛГБТ здруженијата во Македонија.

Иако социјалдемократијата во Европа и светот се залага за унапредување на состојбата со човековите права, особено на маргинализираните заедници меѓу кои е и ЛГБТИ заедницата, потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири смета дека хомосексуалноста е за секаква осуда.

„Да биде проклет оној што го прави тоа што го прават луѓето на Лот. Да биде проклет тој што ќе убие некој во нечие име, освен во име на Бог. Да биде проколнат тој што имал односи со животни. Да биде проклет тој што е непослушен на своите родители. Да биде проколнат тој што ќе ја омажи неговата жена или ќерка“.

Реферирањето на пророштвото на Лот традиционално се користи за да го демонстрира неодобрувањето на Исламот за силувањето и хомосексуалноста. Ваквата осуда најсликовито може да се види во казнувањето на хомосексуалци од страна на ИСИС, кои ваквите „престапници“ ги фрлаат од високи згради, ги горат на клада, или ги затвараат во кафези и ги каменуваат.

 

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This