April 16, 2024, 11:26 pm

АМЕРИКА ЈА ПРИТИСКА ТУРЦИЈА: Турците бараат затварање на базата Инџирлик

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во контекстот на кризата на релација Анкара – Вашинктон, во турското општество повторно е актуелна темата на американските сили да им се укине можноста да ја користат воздухопловната база Инџирлик. Во Турција тој чекор се толкува како една од најефикасните мерки која би можела да се примени против Америка, која на Анкара и воведе санкции.

Американските војници одамна веќе не ја напуштаат територијата на базата, плашејки се од одмазда на граѓаните на Инџирлик, во чива близина се наоѓа воената база. Во Инџирлик живеат околу 40.000 луѓе.

Апелот да се оневозможи користење на Турските бази на американските сили е актуелен подолго време. Првиот поголем протест е одржан по неуспешниот обид за државен удар 15 јули 2016 година. За време на обидот за пуч, од воената база Инџирлик полетаа авиони Танкери кои доставиле гориво на авионите Ф-16, кои ги користеле пучистите.

Локалните жители, како и претставниците на ограноците на разни политички партии во Турската провинција Адана, каде што и се наоѓа базата, во интервијуа остро ги критикуваа постапките на САД во однос на Турција. Тие бараат под итно да се укине можноста американската војска да ја користи базата, како одговор на санкциите кои Вашинктон ги воведе кон Анкара.

Жителот на местото Инџирлик Мехмед Каја вели дека е САД непријател на Турција и додава:
„Америка започна војна против Турција, користејки го како изговор апсењето на свештеникот. САД стоја и позади пучот од 15 јули. Тие не сакаат другите држави да се развиваат, нивната единствена цел е другите држави да ги потчинат на себе. Одлуката Турција да купи руски системи С-400 ја разбесни Америка, бидејки тие сакаат да управуваат со светот. САД уништуваат сѐ каде и да згазне нивна нога: влегоа во Сирија, Ирак, Либија и сите тие територии станаа руини. Во Сирија порано луѓето живееа во мир и единство, но по арапската пролет, почнаа масовни убиства, удри брат на брата, почна хаосот. Турција нетреба да стане вазал на Америка и мора одлучно да ги брани своите позиции.“

Абузер Тунџер, уште еден соговорник од местото Инџирлик, смета дека претседателот на Америка „веројатно полудел“ доколку како своја мета ја избрал Турција.

„Америка ја започна војната против Турција и целата светска економија. Тие на Турција не и мислат добро и во суштина се наш најголем непријател. САД не и го испорачуваат на Турција оружјето кое го купвме од нив со наши пари, но затоа со големо задоволство испорачуваат оружје на курдските одреди на самоодбраната. А на сето тоа тие се противат на купувањето на рускиот систем Ц-400“, огорчен е Тунџер.

Сопственикот на мала продавница во Инџирлик Назим Килич вели дека Америка никогаш небила искрен пријател на Турција.

„Луѓето во околината на базата отворија мали продавници, очекувајки дека американските војници ќе купуваат тука, во нашето мало местенце. Но почнувајки од 2015 година, американските војници во страв од одмазда воопшто не ја напуштаат базата, заради тоа повеќе од 700 трговци се принудени да ги затворат своите продавници. Порано во Инџирлик живееа ист број на Американци и Турци. Во меѓувреме американските државјани си заминаа, а нивното место го завземаа избеглиците од Сирија“, објаснува Килич.

Селвер Каплан, претседателка на регионалниот огранок на вонпарламентарната лева партија Ватан, истакнува:

„Ние несакаме на територијата на Турција да има било какви странски трупи. Американската војска би требало да ја напушти базата Инџирлик. САД влегоа во Ирак, донесоа крвопролевање, тиранија. Иста приказна се случи и во Авганистан.
Југославија своевремено беше растурена, а војната во Сирија трае веќе 7 години. без разлика каде и да се најдат, САД околу нив сеат хаос. Воената база во Инџирлик би требало да биде предадена на Турските сили, а Турција би требала да го напушти НАТО“, категорична е Селвер Каплан.

Севил Араџи, уште една Турска политичарка, претседателка на регионалниот огранок на партијата на трудот во градот Адана, вели дека базата Инџирлик требала да биде место од каде би почнувале американските напади на земјите во регионот.

„Оваа и другите бази во регионот се насочени против локалното население. Базата Инџирлик не е тука за да ја заштити Турција, туку напротив, претставува опасност и поради тоа бараме нејзино затварање. Одамна се бориме за тоа. Како одговор на растото на курсот на Доларот, турските власти предлагаат бојкот на американската валута, но во тој случај целиот товар би паднал на грбот на државата. Турција е независна држава и таа би морала тоа и да го покаже така што ќе ја затвори вратат на базата Инџирлик, но и на сите други воени бази каде што се присутни странски воени сили. Нашата држава е во состојба самостално да се брани, а странските воени сили не ни носат никаков бенефит“, заклучува Севил Араџи.

Подготвил
Борислав Стоилковиќ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This