АМНЕСТИРАНИТЕ КЛИСАРИ -ПРАТЕНИЦИ И СЛУГИ НА ЗАЕВ МОЛЧАТ: Мукоски и Василевски денеска недостапни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двајца од тројцата амне стирани пратеници за настаните од април 2017 година, Крсто Мукоски и Сашо Василевски, не се јавуваа на телефонските повици, по денешното објавување на изречените прес уди – објави ПресингТВ. Со исклучок на Игор Дурловски, 16-мината осудени лица, кои побараа и не добија или воопшто не побараа амнеcтија, се оcудени на вкупно 211 години 3атвор.

Неодмна, при објавувањето на завршните зборови на обвин ителката Вилма Рускоска, независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата „За подобра Македонија“ се јави со кратко соопштение со следната содржина:

„Со жалење констатираме дека денеска Јавното обвинителство, во текот на завршното обраќање, не ги испочитува одредбите од член 1 од Законот за амн естија, каде многу прецизно е дефинирано за какви дела треба да продолжи судскиот процес. Од таа причина сакаме да истакнеме дека почитувањето и спроведувањето на законот е императив за владеење на правото.

Затоа апелираме до Судот доследно да ги испочитува одредбите од Законот за амнеcтија, со оглед на доказите кои беа изведени во текот на судскиот процес“.

Генерално, за сите обвинети делото од членот 313 од Кpивичниот законик не требаше да постои и да има преквалификација. Тоа беше суштината на целиот закон, изјави тогаш за Пресинг Тв, пратеничката Емилија Александрова.

Денеска истите пратеници не се јавија со никакво соопштение, барем до пишувањето на текстот. Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, кои ги отворија собраниските порти, со што и според зборовите на обвинителката Рускоска, се отворија и портите за извршеното насилство, сега се амнестирани лица.

За потсетување, во членот 1 од Законот за амнестија се пропишуваше дека со овој закон се ослободуваат од кр ивично гонење, се запираат поведените кривични постапки и целосно се ослободуваат од издржување на каз ната затвор лицата: ос омничени и об винети во судските постапки кои се водат пред судовите на територијата на Република Македонија, а во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година за кои постои основано со мнение дека до денот на влегувањето во сила на овој закон, сториле крив ични дела согласно член 384

-Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие, согласно член 386-Насилство, согласно член 385-Учество во толпа што ќе изврши кривично дело и кривично дело согласно член 313-Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од Кривичниот законик и други кривични и прекршочни дела согласно со позитивно-правните прописи во Република Македонија.

Законот се однесуваше и на лицата осуд ени со правосилна пресуда на казна затвор за кр ивични дела пропишани со Кривичниот законик и/или други закони, кои на денот на влегувањето во сила на овој закон започнале со издржување на казната затвор во казнено-поправните установи во Република Македонија, а во врска со настаните од 27 април 2017 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This