АМСМ:Намалена видливост на планинскиот премин Стража

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози, додека на планинските осојничави места коловозите се влажни, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму соопштуваат дека намалена видливост до 50 метри поради магла има на планинскиот премин Стража.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Според информациите, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Овие податоци се однесуваат само за македонската страна на премините.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This