АМСМ СО АПЕЛ ДО ВОЗАЧИТЕ:Можна е голомразица на патиштата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

 Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег. АМСМ предупредува дека поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.

pletvar-sneg-596x320-34448

Забрана за движење на тешки товарни возила има на планинскиот премин Пресека и на патниот правец Маврово – Дебар каде за останатите возила е задолжително користење зимска опрема.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на Евзони каде поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, се уште не е дозволен влез на товарни возила и автобуси во Грција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This