March 28, 2024, 11:07 am

АМСМ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Дождот предизвика прекини и застои на сообраќајот, АМСМ известува каква е состојбата на патиштата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.


ОТЕЖНАТ СООБРАЌАЈ: Поради големите врнежи дожд, околу 20:00 часот во с.Доброште – Tетово, водата од реката Поника се излеала на главниот пат Тетово – Јажинце, при што сообраќајот се одвива по едната коловозна лента.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На влезот за с.Долно Орашје – Тетово, на патниот правец кој води од с.Јегуновце кон с.Радуша-Скопје се излеала водата од Голема река, поради што патниот правец е во целосен прекин.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На Попова Шапка се бележат врнежи од снег кој наместа се задржува на коловозот, но во моментов не претставува пречка за одвивање на сообраќајот.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти март 2018 година. Повеќе детали за зимската опрема ќе најдете тука.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This