March 28, 2024, 10:39 pm

АМСМ co вaжнo извecтyвaњe: Boвeдeнa e зaбpaнa зa cooбpaќaj зa тeшки тoвapни вoзилa нa oвиe пaтни пpaвци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради остатоци од снег на коловозот воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патните правец Тетово – Попова Шапка, крак Маврово – Дебар и од Дебар кон Струга, информираат од АМСМ.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси. На правецот крак Маврово – Дебар и од Дебар кон Струга има забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка. Во спротивниот правец од Струга кон Дебар нема забрана за тешки товарни возила.

Забрана има и за сите видови моторни возила и тоа на патниот правец Р2248 помеѓу селата Ранковце и Герман.

– Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на ЈП Македонија Пат.

Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица. Обврската за зимска опрема ќе трае до 15.03.2021 година, се наведува во соопштението.

Од АМСМ додаваат дека патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, затворен е за сообраќај за сите видови на возила од 15.11.2020 до 01.04.2021, како и дека поради изведување работи на пат на магистралниот пат А2 Струга – г. п. Ќафасан брзината е ограничена на 40 км/ч.

Изменет сообраќаен режим поради градежни работи ќе има и на неколку патни прави, започнати се градежни работи на патниот правец А2 Кичево – Охрид, поточно на делницата помеѓу с. Климештани – с. Мешеишта, каде има изменет времен режим на сообраќајот. Овој изменет режим на сообраќај ќе трае до завршување на градежните работи, се вели во соопштението.

Градежни работи се изведуваат и на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, кај с. Врбјани и има изменет времен режим на сообраќајот.

На патниот правец Кичево-Македонски Брод сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента.

Градежни активности има и на на државен пат Р1202 (Р409), делница Маврови Анови – Жировница, односно од Маврови Анови до с. Трница, за што се врши промена на режимот на сообраќај, потоа регионален пат Р1205, делница Крупиште – Пробиштип. Поради тоа се врши измена на режимот на сообраќај, од крстосница со регионален пат Р2230, до влез во Пробиштип. Односно сообраќајот се пренасочува од мостот на р.Киселица кај клучка за с. Злетово, преку с. Ратавица до Пробиштип и обратно, понатаму на патниот правец Неготино – Лакавица има забрана за движење на тешки товарни возила чија вкупна маса надминува 3,5 тона, Исто така за време на реконструкција и рехабилитација на државен пат А2, делница Крива Паланка – ГП Деве Баир во период од 11.05.2020 г. до 02.2022 г. со основниот проект за изведба се предвидува стругање и асфалтирање на постоечкиот коловоз како и проширување т.е изработка на трета лента на постоечкиот и на Државен пат А2 – потег од БС Виена Петрол/Куманово до с. Страцин, ќе се изврши промена на сообраќајот во времетраење од шест до девет месеци, градежни работи ќе се одвиваат и на автопат Кичево – Охрид, делница 4 и 5. На делница 5 Подмоље – Охрид км.5+861 до км.9+835 има измена на режим на сообраќај соодветно обележано со сообраќајни знаци. Измената ќе трае до завршување на работите поради кои е утврдена потребата од измената и експресниот пат А4 делница Штип – Радовиш.

Од АМСМ апелираат на прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони, посебно за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This