АМСТЕРДАМ ЌЕ СЕ ГРЕЕ НА ЃУБРЕ: Експертите најдоа начин како ефикасно да се ослободат од отпадот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шведската енергетска компанија и компанијата за преработка на отпад АЕБ Амстердам склучија партнерство за унапредување на системот за далечинско греење во холандската престолнина, вредно 400 милиони евра.

Жителите на Амстердам моментално се греат на природен гас од електраната Диемен и на oтпад, а крајната цел на новиот договор е амстердамската мрежа за греење целосно да се ослободи од фосилните горива. Почетокот на изградбата на неопходниот цевковод е најавена за овој месец, а на помошните топлани за јули.

Директорот на компанијата Ватенфал во Холандија, Александер ван Офвеген, изрази желба новото снабдување со енергија да не вклучува нафтени деривати и со греењето од 2040 година натаму да не се емитува јаглерод диоксид.

„Благодарение на иницијативата повеќе домаќинства ќе можат да се греат со ресурси како што е отпадот. Ватенфал веќе активно развива и користи неколку одржливи извори за својата топлотна мрежа. Со ова поврзување ќе можеме да додадеме уште извори и да ги направиме достапни за целиот град“ изјави Ван Офвеген.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This