Амepика и Кина во вojна на збopoви: Pacте тензиjaтa пpeд пристнувањето на тимот на C3O во Вyxан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пекинг го отфрли предупредувањето на САД за мисијата на СЗО во Кина, обвинувајќи ја администрацијата на Џо Бајден дека се обидува да ја политизира истрагата за потеклото на новиот коронавирус.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Саки, предупреди дека Вашингтон ќе го процени кредибилитетот на извештајот на СЗО кога ќе биде завршен. Таа рече дека е важно да се утврдат причините за пандемијата во Кина, како и дека Вашингтон ја поддржува меѓународната истрага, која треба да биде јасна и детална.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Џао Лиџијан ги отфрли априори негативните ставови и политичкото мешање во работата на истражителите.

Тој на прес-конференцијата оцени дека зборовите на Саки претставуваат непотребно мешање во работата на експертите, што, како што рече, нема да придонесе за истражување на сериозни научни резултати.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја обвини СЗО дека работи по упатствата на Пекинг и ги повлече САД од таа меѓународна организација. По стапувањето на функција, Бајден ги врати САД во таа организација со декрет.

Тим експерти од СЗО кои пристигнаа во Вухан по повеќе од една година од избувнувањето на епидемијата во тој кинески град, ќе имаат тешкотии да ги пронајдат оригиналните траги на вирусот. Тие денеска излегоа од 14-дневен карантин по пристигнувањето во Кина и започнуваат теренски истражувања.

По првичната проценка дека Ковид-19 потекнува од пазарот во Вухан, кинеските власти сега велат дека болеста е можеби увезена.

„Се повеќе студии, вклучително и СЗО, покажуваат дека наоѓањето на потеклото на Ковид-19 е процес што ќе продолжи да се шири во повеќе региони во светот и жаришта на епидемијата“, рече Џао.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This