Анализа: Згoлeмeнa cmpтнocтa кaj poдилки и cлyчaи нa mpтвopoдeни бeбињa зa вpeмe нa пaндeмиjaтa вo cвeтoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Смртноста кај родилки и случаи на мртвородени бебиња се зголеми за една третина за време на пандемијата на Ковид-19.

Анализата на податоците од 40 студии спроведени во 17 земји низ светот покажува дека рестриктивните мерки против коронавирусот, нарушувањата на здравствената заштита кај идните мајки и стравот на родилките да ги посетуваат болниците ги зголемија ризиците за бремените жени и тоа придонесе за влошување на показателите за родилките и новороденчињата.

„Пандемијата на Ковид-19 имаше големо влијание врз здравствените системи“, вели професорката Асма Калил, коавтор на студијата на Универзитетот „Сент Џорџ“ во Лондон.

„Ова доведе до смртни случаи на родилки и бебиња што можеле да се избегнат, тие се забележуваат главно во семејства со ниски и средни примања“, рече таа.

Резултатите од анализата беа објавени во списанието „Lancet Global Health“. Студијата откри не само општо влошување на стапката на смртност кај новороденчиња и родилки, туку и влошување на психичкото здравје на бремените жени. Анализата не се однесува на директните влијанија на Ковид-19 врз бременоста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This