АНАЛИЗА НА АНДРЕЈ КОРИБКО: Ден по Теарце!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

koribko-650x396Пристигнаа резултатите, и ВМРО уште еднаш го порази обидот за „мек пуч“ во Република Македонија. Иако постоеа легитимни причини за сомнеж дека СДСМ и нивните странски поддржувачи би можеле да пребегнат кон голема изборна измама со цел да направат пресврт во нивна корист, ова беше одбегнато благодарение на чувството на должност на патриотското граѓанско општество. Македонските новинари го окупираа Теарце, а нивното присуство служеше за одвраќање на секаков обид на нелегални активности кои се планираа.

Уште една, светот виде дека народот може да направи разлика, онака како што ги одбија двата обиди за Обоена револуција, и сега последниот обид да се украде парламентарната победа на ВМРО-ДПМНЕ. Поради примерите на граѓанско самоорганизирање, Македонскиот пример е многу едукативен, и укажува на начин на одбрана против асиметричниот обид за промена на легитимно изборните власти преку странската агресија која се спроведуваше во земјата. Во иднина, граѓаните кои се жртви на вакви обиди во други земји, може да се послужат со примерот на Македонците во подбрувањето на нивната ситуација и уникатни решенија во одбрана на нивната татковина.

Иако непосредната опасност од насилна промена на власта е дисперзирана, сеуште постои првичната причина за политичката криза која може повторно да биде активирана, имено поради тоа што партиско-невладините претставиниц ја искористуваат странската помош за промовирање на агендите на нивните патрони. Некои гласини велат дека имплементацијата на владата ќе помине низ темелно „прочистување“, најверојатно по примерот на Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој по обидот за пуч воден од субверзивното влијание на Фетула Ѓулен започна со акција за заштита на институциите на земјата. Ова е единствен начин да се ослободи Македонија од корозивното влијание на САД, Сорос и други непријателски странски актери.

Во принцип, ова може да се покаже како ефективно решение доколку се имплементира интелегентно и темелно, и доколку не доведе до импликации кон луѓе кои немаат никаква врска со штетните намери на субверзивните актери. Имајќи во предвид дека земјата резолутно се брани од странски-предизвикана нестабилност во последните две години, слободно може да се претпостави дека веќе точно се лоцирани најдеструктивните домашни колаборатори и се собрани доволно докази за да се подигнат релевантни обвинувања против нив. Како и да е, извршна одлука мора да биде донесена за да се огранични ваквиот вид на активности, или барем да не се влеугува во масовна и јавна активност. Како алтернатива, дискретни чекори може да бидат преземени за да се неутрализираат или да се влијае врз оние актери, како солуција за отпуштањето или подигнувањето на обвинителни акти.

Другата политичка реалност по Теарце е дека Македонците сега ќе мора да се соочат со оживувањето на Албанските националистички инлинации. Парламентарните резултати изненадувачки покажаа дека голем дел од луѓето од оваа заедница се успешно замајувани од ветувањата на Заев за „федерализација“, и дека тие се одлучиле да гласаат во негова корист наместо за етничките Албански политичари како што традиционално гласаа досега. Неочекуваната парадигма со промената на гласачките навики, за малку го чинеше ВМРО победа, но исто така станува и шема, патриотските Македонци излегоа да гласаат во голем број и уште еднаш ја спасија нивната држава од насилна промена на власт.

Иако сега се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е водечката политичка партија во земјата, тоа не ја менува реалноста дека многу незадоволни Албански гласачи кои вештачки ги подигнаа очекувањата благодарение на лажните ветувања на Заев за што беа убедувани дека следи „федерализација“ на земјата и де-факто формирање на „Голема Албанија“ на Македонска територија. Планот на Џес Бејли, СДСМ да ги „земе“ Албанските гласови можеби засекогаш ја променија Македонската домашна политика, имајќи во предвид дека сега ВМРО исто така ќе треба да прави поголеми напори кон оваа демографска група со цел да се спречи тие да гласаат за нивните ривали на следните избори и понатаму да го нарушуваат политичкиот баланс во земјата.

Останува да видиме како ВМРО ќе одговори на оваа ситуација без преседан и дали ќе се обиде да привлече повеќе Албанци во партијата, и дали ќе работи со идниот Албански коалициски партнер со цел да ја добие довербата на гласачите кои СДСМ ги доби во овој круг. Без разлика на тоа какви ќе бидат чекорите во оваа насока, со сигурност ВМРО ќе мора да направи нешто како одговор на оживувањето на Албанските националистички инклинации, и дека борбата за етничките Македонски гласови повеќе не е доволно сигурна за да обезбеди победа.

Исто така, САД веќе ја препозна ситуацијата и е веќе ја демонстрираше можноста за да влијае врз истата, судејќи по развојот на настаните од почетокот. Администрацијата на Обама нема позитивни чувства кон Република Македонија и можеби ќе се обиде негативно да влијае во напорите на ВМРО да состави владеачка коалиција и да ја извлече земјата од фабрукуваните политички кризи кои ја растураа земјата во последните две години. Останува уште нешто помалку од еден месец од претседателствувањето на Обама, но не верувам дека тој ќе биде „добар играч“ и ќе го признае поразот особено по четирикратниот пораз (две Обоени револуции, два циклуси парламентарни избори, и прегласување).

Затоа, не може да се отфрли можноста дека ќе се обиде да создаде повеќе проблеми за Македонија пред да ја напушти Белата Куќа со што ќе го остави неговиот наследник со проблеми кои имаат за цел да го попречат напорот на Трамп да постигне „Ново Детенте“ во новата Студена војна со Русија и со тоа да се пролонгира болниот период на глобална нестабилност која Обама и неговите нео-конзервативни поддржувачи ја предизвикаа.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This